За две фреквенции ВИП понуди 5,1 милион евра

Bez autora
Aug 08 2012

ВИП операторот достави понуда во вредност од 5 милиони и 100.000 евра за доделување две фреквенции по 10 мегахерци во опсегот на 1.800 мегахерци, со која што дополнително ќе се подобрат услугите на корисниците на мобилната телефонија во Македонија. Како што информира Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација, ова било барање од операторите до Агенцијата за електронски комуникации. - Владата на Република Македонија неодамна и дозволи на Агенцијата за електронски комуникации да објави повик односно тендер за оваа фреквенција со почетна цена од пет милиони евра. По отворањето утврдено е дека ВИП доставила понуда од пет милиони и 100.000 илјади евра - посочи Ивановски. Министерот истовремено информираше дека Владата на РМ донела одлука за објавување нов тендер за ДВБТ оператор...

За две фреквенции ВИП понуди 5,1 милион евраВИП операторот достави понуда во вредност од 5 милиони и 100.000 евра за доделување две фреквенции по 10 мегахерци во опсегот на 1.800 мегахерци, со која што дополнително ќе се подобрат услугите на корисниците на мобилната телефонија во Македонија. Како што информира Иво Ивановски, министер за информатичко општество и администрација, ова било барање од операторите до Агенцијата за електронски комуникации.

- Владата на Република Македонија неодамна и дозволи на Агенцијата за електронски комуникации да објави повик односно тендер за оваа фреквенција со почетна цена од пет милиони евра. По отворањето утврдено е дека ВИП доставила понуда од пет милиони и 100.000 илјади евра - посочи Ивановски.

Министерот истовремено информираше дека Владата на РМ донела одлука за објавување нов тендер за ДВБТ оператор.

- Тоа значи дека телевизијата до први јуни 2013 година треба да се пренамени од аналогна во дигитална телевизија. Овој тендер ќе трае 30 дена и ќе имаат право да се пријават правните лица кои нема да се косат со Законот за електронски комуникации каде што според членот 13 односно регулативата која ограничува кој смее, а кој не смее да се пријави во РМ. Ова е многу значајно бидејќи на првиот тендер фирмата која се пријави не можеше да ги исполни условите кои се бараа. Очекуваме дека на овој повик ќе се јават повеќе фирми за да можеме да преминеме во дигитална телевизија на 1 јуни 2013 година - вели министерот Ивановски.

Според него, како трет чекор на седницата Владата донела и одлука да се распише јавен повик за дигиталната дивиденда.

- Тоа е за 4Г технологијата за мобилни оператори со почетна цена од 25 милиони евра. Повикот веќе е објавен, се надеваме дека мобилните оператори од целиот свет, и овие во Македонија, активно ќе се вклучат во овој повик, ќе имаат право во рок од 30 дена да се пријават и да достават понуда на овој значаен проект со што повторно граѓаните на Република Македонија ќе имаат многу подобри услуги, конкретно во користењето на интернетот во мобилната телефонија - појасни министерот.

Тој истакна дека Македонија ќе биде прва земја во регионот која ќе воведе 4Г, благодарение на либерализацијата на пазарот која ја направи оваа Влада во секторот на телекомуникациите. Ивановски потенцира дека од извештајот кој неодамна АЕК го објави за користењето на мобилната телефонија во РМ, за првиот квартал на 2012 година, може да се види дека широкопојасниот интернет кој е многу значаен пораснал за 3,8 проценти преку мобилната телефонија. Со тоа се потенцира дека Министерството за информатичко општество заедно со АЕК водат одлична политика да им се овозможи на граѓаните на РМ да ги користат најновите технологии.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik